НЛБ мПроклик е прва комплетна апликација за мобилно банкарство за правни лица во РМ во денарскиот платен промет. НЛБ мПроклик апликацијата е дел од НЛБ Проклик - електронското банкарство за правни лица. Корисниците на НЛБ Проклик можат самостојно да ја активираат НЛБ мПроклик апликацијата за мобилно банкарство и истата овозможува:
- Самостојно активирање на апликацијата на Вашиот мобилен телефон без потреба од доаѓање во Банка - за сите корисници на НЛБ Проклик - Електронското банкарство
- Едноставен пристап до податоците и преглед на состојбата и прометот на денарската сметка и бизнис картичките
- Можност за преглед, испраќање и печатење на изводи од сметки и налози
- Можност за извршување на сите плаќања во денарскиот платен промет само со еден клик - без потреба од дополнителен уред
- Локатор на експозитурите и банкоматите на НЛБ Банка преку мапа интегрирана со Google Maps и Apple Maps
- Комуникациска платформа со клиентите, увид во понудата и директен контакт со банката 24/7