Мastercard Business кредитна картичка

Бизнис картичка со можност за плаќање на обврските на рати или во целост.


Аплицирајте за НЛБ Mastercard Business картичките до 15 - ти јуни и искористете ги промотивните поволности без членарина за првата година на користење.
За направени 15 трансакции добивате уште една година без членарина и подарок изненадување !

Карактеристики

Mastercard Business кредитната картичка е картичка која гласи на име на правно лице. Mожат да ја користат повеќе вработени за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина. Преку Mastercard Business кредитната картичка се користат средства од одобрениот кредитен лимит или од сопствени уплатени средства. Картичката не е директно поврзана со транскациската сметка на правното лице.

Наменета е за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби на своите вработени.

  • Можност за отплата на обврските на 6 рати за износи над 3.000 МКД
  • Грејс период до 45 дена
  • Безготовинско плаќање во земјата и странство
  • Подигање готовина на сите банкомати каде е истакнат знакот на MasterCard®
  • Можност за плаќање на обврските преку траен налог или НЛБ ПроКлик - електронско банкарство
  • Дневен лимит за подигање готовина дo 250.000 МКД
  • Дневен лимит за плаќање на продажни места до 250.000 МКД

 

Каматна стапка

  • Пасивна каматна стапка по видување: 0,01%
  • Активна каматна стапка до лимит: 11,25% за нeтрговци, 14% за трговци

Членарина

  • Годишна членарина за картички без кредитен лимит: 600 МКД
  • Годишна членарина за картички со кредитен лимит: 3.000 МКД за првоиздадената картичка и 600 МКД за секоја наредна издадена картичка 

Трошок за апликација

300 МКД (за првоиздадената картичка)