Visa Business

Бизнис картичка со можност за месечна отплата од минимум 10% од вкупните обврски на крајот на месецот.

Карактеристики

Visa Business е револвинг е картичка која гласи на име на правно лице. Mожат да ја користат повеќе вработени за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина. Преку Visa Business револвинг картичката се користат средства од одобрениот кредитен лимит или од сопствени уплатени средства. Картичката не е директно поврзана со транскациската сметка на правното лице.

Наменета е за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби на своите вработени.

  • Грејс период до 45 дена
  • Можност за безготовинско плаќање во земјата и странство
  • Можност за подигање готовина на сите банкомати каде е истакнат знакот на Visa
  • Можност за плаќање на обврските преку траен налог или НЛБ ПроКлик - електронско банкарство
  • Дневен лимит за подигање готовина дo 250.000 МКД
  • Дневен лимит за плаќање на продажни места до 250.000 МКД

 

Каматна стапка

  • Пасивна каматна стапка по видување: 0,01%
  • Активна каматна стапка до лимит: 11,25% за нeтрговци, 14% за трговци

Членарина

  • Годишна членарина за картички без кредитен лимит: 600 МКД
  • Годишна членарина за картички со кредитен лимит: 3.000 МКД за првоиздадената картичка и 600 МКД за секоја наредна издадена картичка 

Трошок за апликација

300 МКД (за првоиздадената картичка)

Тарифник за платежни картички