НЛБ Пензија плус

За да обезбедите добар животен стандард и во пензионерските денови, започнете да штедите со НЛБ Пензија плус!

Главни предности

Доброволните пензиски фондови се формирани со цел на граѓаните да им се овозможи да ја надополнат пензијата од Првиот и Вториот пензиски столб и да си осигураат дополнителни примања за старост. Како резултат на тоа, вложувањето во доброволните пензиски фондови Ви овозможува да заштедите за „златните години“.

НЛБ Пензија плус е отворен доброволен пензиски фонд кој им овозможува на поединците сами или преку својот работодавач, да штедат и да остварат право на дополнителна пензија.

Преку уплата во доброволно пензиско осигурување можете да ги наградите вработените и да им овозможите да остварат дополнителна пензија, а притоа за уплатените средства ќе имате пониски трошоци.

 Придобивките се следниве:

 - Принос на фондот – принос остварен од вложувањата на фондот во различни класи на инструменти во текот на одреден период.

-  Даночни стимулации - На доброволните придонеси уплатени од страна на осигурител за своите вработени или членови не се пресметува и плаќа персонален данок на доход, трошоците врз основа на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд се даночно признат расход за целите на пресметка на данок на добивка.

Износот на ослободувањето за една календарска година не може да биде поголем од 4 просечни месечни бруто-плати во Републиката, објавени за претходната година, по вработен или член.

Како да станете член на третиот пензиски столб?

  • Член со професионална сметка во НЛБ Пензија плус можете да станете доколку компанијата/здружението во кое сте вработени/член организира и финансира професионална пензиска шема. Осигурувачот/управителот определува кој вработен или член на здружението на граѓани може да биде член на пензиската шема.

  • Член на пензиска шема може да биде, единствено, лице кое е вработено кај трговско друштво или е член на здружението на граѓани кое формира професионална пензиска шема.

Зачленувањето во НЛБ Пензија плус можете да го извршите во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, во просториите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје или преку лиценцираните агенти во продажба.
Со потпишување на договор и прва уплата станувате член на НЛБ Пензија плус.

Локатор на експозитури

Повеќе информации