Сава Пензија плус

За да обезбедите добар животен стандард и во пензионерските денови, започнете да штедите со Сава Пензија плус!

Главни предности

Доброволните пензиски фондови се формирани со цел на граѓаните да им се овозможи да ја надополнат пензијата од Првиот и Вториот пензиски столб и да си осигураат дополнителни примања за старост. Како резултат на тоа, вложувањето во доброволните пензиски фондови Ви овозможува да заштедите за „златните години“.

Сава Пензија плус е отворен доброволен пензиски фонд кој им овозможува на поединците сами или преку својот работодавач, да штедат и да остварат право на дополнителна пензија.

Преку уплата во доброволно пензиско осигурување можете да ги наградите вработените и да им овозможите да остварат дополнителна пензија, а притоа за уплатените средства ќе имате пониски трошоци.

 Придобивките се следниве:

 - Принос на фондот – принос остварен од вложувањата на фондот во различни класи на инструменти во текот на одреден период. (Остварени приноси)

-  Даночни стимулации - На доброволните придонеси уплатени од страна на осигурител за своите вработени или членови не се пресметува и плаќа персонален данок на доход, не се плаќаат социјални придонеси, а трошоците врз основа на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд се даночно признат расход за целите на пресметка на данок на добивка до законски пропишаниот износ.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk

тел. 02 3224 229

Како да станете член на третиот пензиски столб?

  • Член со професионална сметка во Сава Пензија плус можете да станете доколку компанијата/здружението во кое сте вработени/член организира и финансира професионална пензиска шема. Осигурувачот/управителот определува кој вработен или член на здружението на граѓани може да биде член на пензиската шема. Со потпишување на договор и прва уплата станувате член на Сава Пензија плус.

  • Член на пензиска шема може да биде, единствено, лице кое е вработено кај трговско друштво или е член на здружението на граѓани кое формира професионална пензиска шема.

Зачленувањето во Сава Пензија плус можете да го извршите во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, во просториите на Сава пензиско друштво АД Скопје или преку лиценцираните агенти во продажба.
Со потпишување на договор и прва уплата станувате член на Сава Пензија плус.

Локатор на експозитури

Повеќе информации