Најчесто поставувани прашања

NLB Smart POS

NLB Smart POS е мобилна апликација за купопродажба која функционира со оперативниот систем Android и која прифаќа бесконтактни (VISA и Mastercard)
трансакции со или без ПИН-код.

NLB Smart POS го овозможува следново:
• Бесконтактно прифаќање платежни картички VISA и Mastercard на кориснички
уреди што функционираат со оперативниот систем Android
• Откажување (поништување) успешна/одобрена трансакциjа (носењето на
картичката е задолжително)
• Праќање слип-извештаj до имателот на картичката
• Преглед на извршените трансакции
Поставки:
• Промена на пин-код
• Преглед на основните податоци за трговецот
• Преглед на условите за користење
• Промена на jазичните поставки.

Уредот на коj ќе се користи апликациjата Soft POS мора да биде:
Телефон со оперативниот систем Android со:
• NFC
• Пристап до услуги на Google
• Оперативен систем 10.0 (минимум).

Да, за да jа користите апликациjата NLB Smart POS, потребна е интернет-врска (бежичен интернет, GPRS...).

Предуслов за користењето на апликациjата NLB Smart POS е склучување Договор со Банката.

На Банката ќе треба да ѝ jа пратите Вашата електронска адреса, на коjа ќе Ви биде пратено корисничко име, како и Вашиот телефонски броj на коj ќе добиете еднократен активациски код. Нив ќе ги добиете неколку дена по потпишувањето на Договорот со банката.

Да, може да имате само една апликациjа NLB Smart POS инсталирана на секоj уред, коj ќе претставува еден терминал Smart POS. За таа цел, Банката ќе Ви даде корисничко име за секоj мобилен уред, коj ќе биде поврзан со конкретен терминал Smart POS.

Не е потребно. Можете да имате една електронска адреса и еден броj на мобилен телефон за сите мобилни уреди на кои ќе добиете податоци за регистрациjа.
Во овоj случаj, со цел регистрациjа на сите дигитални терминали NLB Smart POS, ќе добиете кориснички имиња на истата електронска адреса и СМС-пораки со
активациски кодови на истиот броj на мобилен телефон.

По склучувањето на договорот со Банката, постапката е едноставна и брза.
Потребни се само неколку чекори:
• Наjдете jа апликациjата NLB Smart POS на Google Play Store и преземете jа на
Вашиот телефон
• Отворете jа апликациjата и следете ги чекорите за регистрациjа во рамките на
апликациjата
• Внесете го Вашето корисничко име кое Ви беше пратено преку електронска
порака од банката и активацискиот код коj Ви беше пратен преку СМС-порака
• Во наредниот чекор, внесете лозинка/ПИН-код за влез во апликациjата и внесете
го повторно за да го потврдите
• Процесот на креирање дигитален терминал NLB Smart POS ќе започне
• Во последниот чекор, информациjата за успешно креираната апликациjа
NLB Smart POS за Вашиот уред ќе се прикаже на екранот

За користење на апликациjата NLB Smart POS не е потребен никаков посебен пристап или измени во функциите на Вашиот мобилен уред.

Платежните картички VISA и Mastercard се прифаќаат на истиот начин како и на вообичаените ПОС-терминали, освен тоа што NLB Smart POS е секогаш бесконтактен.
Тоа значи дека физичката картичка или уредот на коj е поставена дигиталната картичка на имателот треба едноставно да се доближи до Вашиот уред на коj е
инсталирана апликациjата NLB Smart POS. Проверете на интернет каде е поставена NFC-антената на Вашиот уред – горе, на средината или во долниот дел. Од тоа зависи на коj дел од уредот треба корисникот да jа доближи картичката со соодветен прием.

Износот на трансакциjата се внесува со помош на тастатурата на Вашиот телефон при процесот на наплата во рамките на апликациjата NLB Smart POS.

Имателот на картичката може да jа добие потврдата за наплата преку СМС-порака, преку електронска пошта, преку апликациjата Вибер или преку коjа било друга
апликациjа што е овозможена на Вашиот телефон и за коjа имателот на картичката дал свои информации за контакт. NLB Smart POS не овозможува печатени хартиени
потврди за наплата.

Списокот на сите извршени трансакции се наоѓа во менито „Поставки“ (Settings) во апликациjата NLB Smart POS. Се зачувуваат сите трансакции извршени во последните 3 месеци.

Преку апликациjата NLB Smart POS може да се изведуваат ПРОДАЖНИ трансакции, ПРОДАЖБИ со ПИН-код и ПОНИШТУВАЊЕ успешно изведени трансакции.
Сите ПОНИШТЕНИ трансакции може да се извршат само со картичката со коjа била направена првичната ПРОДАЖБА (купопродажба).

Лозинката или ПИН-кодот може да се смени во менито „Поставки“ (Settings) во апликациjата NLB Smart POS.

На почетната страница на коjа се внесува лозинката/ПИН-кодот за да се наjавите на апликациjата, достапна е опциjата „Заборавен ПИН-код“ (Forgotten PIN). Откако ќе
кликнете на копчето, ќе добиете СМС-порака со нов активациски код на телефонскиот броj што сте го доставиле при потпишувањето на договорот.

Доколку корисникот го промени телефонот, треба да се jави во Контакт центарот на телефонскиот броj на 02/15-600, каде што на барање на корисникот, по негова
идентификациjа, ќе се креира нов активациски код за постоjниот корисник на NLB Smart POS. На корисникот ќе му биде пратена нова СМС-порака со нов активациски
код на неговиот телефонски броj. Корисничкото име останува исто и треба да се внесе при повторната регистрациjа во комбинациjа со новиот активациски код. Прегледот на извршените трансакции што бил достапен на претходно користениот уред не се зачувува.

Апликациjата NLB Smart POS е безбедна. Податоците за картичката не се зачувуваат на Вашиот уред, туку само се пренесуваат во моментот на извршување на платежната трансакциjа. Исто така, мобилните оператори не добиваат податоци за плаќањата или платежните картички. Smart POS, новата апликациjа на НЛБ, ги исполнува сите регулаторни и законски барања на меѓународните картични системи и прописи во полето на картичното работење.

Во случаj на проблеми, Ви советуваме да го проверите следново:
• дали е вклучена опциjата NFC на Вашиот уред
• дали сте соодветно наjавени на апликациjата NLB Smart POS
• дали корисникот има бесконтактна картичка
• дали имателот на дигиталната картичка ги нагодил соодветните поставки на уредот (дали е вклучено NFC, плаќање со отворена и овозможена апликациjа) и
поставките на мобилниот паричник
• дали фабричките поставки на телефонот биле изменети пред поставувањето на фирмверот („рутирани“ мобилни телефони)? Поради безбедносните критериуми на
картичните системи, NLB Smart POS не функционира на такви мобилни телефони
• Доколку не можете сами да го решите проблемот, jавете се во Контакт центарот на телефонскиот броj 02/15-600

Како и во случаjот на вообичаените ПОС-терминали, потребно е да jа известите Банката, да го раскинете Договорот и да jа избришете апликациjата NLB Smart POS од
уредот. Банката ќе го деактивира Вашиот броj на дигитален терминал NLB Smart POS. Со одjавување од апликациjата NLB Smart POS или со неjзино отстранување од уредот не се раскинува договорниот однос со Банката.

ПЛАТЕЖНА СМЕТКА

НЛБ Платежна сметка можете да отворите во најблиската експозитура на НЛБ Банка со поднесување на важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош), оn line на следниот линк или преку мобилната апликација НЛБ мКлик. Потребната документација за аплицирање е достапна на следниот линк

Расположлива состојба се средствата на Вашата сметка со кои во даден момент можете да располагате, односно збир од Вашите сопствени средства и дозволениот лимит (доколку го имате). 

Резервирани средства се средства кои се веќе потрошени, но се уште не се потврдени од страна на продажното место. 

Кредитниот трансфер ќе се појави на извод во моментот кога НЛБ Банка истата ќе го прокнижи, односно кога за истата, Банката ќе добие задолжување.

За да добиете дозволен лимит (дозволено пречекорување) на Вашата платежна сметка, потребно е да пополните и поднесете Барање за одобрување на лимит на платежна сметка во најблиската експозитура на НЛБ Банка. Кон барањето потребно е да приложите и Потврда за вработување која претходно треба да ја заверите кај Вашиот работодавач.

За затворање на дозволен лимит (дозволено пречекорување) на платежна сметка треба да пополните и поднесете  Барање за промена на лимит на платежна сметка во најблиската експозитура на НЛБ Банка, со наведување на износот 0 (нула) денари за лимит на Вашата платежна сметка и со наведување „укинување на лимитот“ во делот „Образложение“. При поднесување на Барањето, потребно е да се уплати целокупниот износ на минусното салдо на платежната сметка.

Секое физичко лице кое е полнолетно може да отвори платежна сметка во било која експозитура на НЛБ Банка со приложување на важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош). За малолетните, односно физичките лица на возраст под осумнаесет години, потребно е законскиот застапник да поднесе Барање за отварање на платежна сметка , да приложи свој важечки документ за лична идентификација, како и извод или документ за лична идентификација од лицето кое го застапува.

За да ја затворите НЛБ Платежната сметка потребно е да пополните и доставите Барање за затворање на платежна сметка до најблиската експозитура на НЛБ Банка. Истата постапка се однесува и за откажување на дебитната картичка.

Состојбата на сопствената платежна сметка можете да ја проверите преку НЛБ Клик - електронско банкарство или преку НЛБ мКлик мобилната апликација. Исто така, повеќе информации можете да добиете и во најблиската експозитура на НЛБ Банка, на било кој од нашите банкомати, или преку НЛБ Контакт центарот на телефонскиот број 02 / 15 600.

Платежните сметки во НЛБ Банка се мултивалутни. Одредена валута на сметката можете самостојно да ја отворите во најблиската експозитура на НЛБ Банка со приложување на важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Доколку не сте во можност самостојно да ја додадете потребната валута, истата ние автоматски ќе Ви ја отвориме по пристигнување на приливот во валута различна од денари. За да може приливот во валута различна од денари да се реализира на Вашата сметка, претходно е потребно да поднесете Овластување до Банката за примање на приливи во валута различна од денари.

КРЕДИТИ

    

За клиентите кои се во редовен работен однос и кои примаат плата преку НЛБ Банка важат поповолни услови за кредитирање, кои можете да ги видите во нашата понуда за кредити која е достапна на следниот линк. Отворањето на трансакциска сметка за примање на плата во НЛБ Банка е брзо и едноставно. Постапката се реализира со една посета на најблиската експозитура на НЛБ Банка или на следниот линк

За државјани кои работат и живеат во странство и имаат статус на нерезиденти во Република Македонија, не е предвидено одобрување на кредити поради тоа што не можат соодветно да го потврдат своето редовно вработување и приходи.
Исклучок се случаите кога може да се обезбедат валидни потврди за статусот на вработување, приходите или соодветна гаранција. Вашето барање секако ќе биде предмет на разгледување, за што е најдобро да се обратите преку 02/15 600 - Контакт центарот на Банката или на е-мејл: info@nlb.mk, како би можеле да договориме состанок или разговор со надлежните лица во Банката.

НЛБ Банка нуди кредити со или без полиса за животно осигурување, за кои важат посебни услови. Подетални информации за условите под кои се одобруваат НЛБ Кредитите со или без полиса за животно осигурување, можете да добиете на следниов линк. Исто така, за повеќе информации може да се обратите и во најблиската експозитура на НЛБ Банка или преку Контакт центарот на телефонскиот број 02/15 600.

Станбениот кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“, е наменет за купување нов стан или куќа, при што продавач, покрај градежно претпријатие може да биде и физичко лице кое е изведувач на објектот. Услов за ова е станот / куќата која се купува да е нов/а, односно да не е користен/а.

Комплетни информации за НЛБ Станбените кредити, вклучително и информативна пресметка за висината на месечниот ануитет, можете да најдете на нашата веб страна, односно на следниот линк. За подетални информации можете да се обратите и во најблиската експозитура на НЛБ Банка или на телефонскиот број 02 / 15 600

Максималниот одобрен износ за НЛБ Станбен кредит или НЛБ Потрошувачки кредит зависи од Вашата кредитна способност која се утврдува по направената кредитна анализа во некоја од експозитурите на НЛБ Банка.

Постои можност за рефинансирање на кредити од друга Банка. За да можеме да Ви го рефинансираме кредитот, потребно е да ја префрилите Вашата плата или пензија во НЛБ Банка и да аплицирате за кредит. По одобрувањето на кредитот, износот кој го должите во друга Банка ќе се исплати. Дополнително, на сметка ќе Ви биде расположлив преостанатиот износ од новиот одобрен кредит.

Доколку сте корисник на НЛБ Потрошувачки кредит и Ви се потребни дополнителни финансиски средства, имате можност да го рефинансирате кредитот на тој начин што ќе поднесете апликација за нов НЛБ Потрошувачки кредит во најблиската експозитура на НЛБ Банка. Постапката на рефинансирање подразбира исплата на долгот на стариот кредит и отворање на нов кредит.
Рефинансирањето Ви овозможува да користите кредит со нови актуелни услови и каматни стапки и Ви овозможува дополнителни финансиски средства.

КАРТИЧКИ

За да аплицирате за дебитна или кредитна картичка, потребно е да ја посетите најблиската експозитура на НЛБ Банка и да доставите документ за лична идентификација и соодветно барање за картичката за која сакате да аплицирате. Потребните документи за аплицирање како и детални информации за картичните продукти на НЛБ Банка можете да добиете на следниот линк

Административната забрана потпишана и заверена од работодавачот, служи како инструмент за обезбедување на лимитот што ќе биде одреден на кредитната картичка. Административната забрана се активира само во случај на нередовно подмирување на обврските на кредитната картичка.

Дневен лимит за подигнување готовина од банкомат е максималниот износ кој можете да го подигнете од банкомат од една картичка, во еден ден. Овој износ е во зависност од типот на картичката и е автоматски сетиран од Банката. Истиот можете самостојно да го промените преку НЛБ мКлик апликацијата за мобилно банкарство, од кое било место и во кое било време, директно преку Вашиот мобилен телефон. Исто така, дневниот лимит можете да го промените и со јавување на Контакт центарот на Банката на телефонскиот број 02 / 15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Подигнувањето на готовина со дебитна картичка на НЛБ Банка од сите НЛБ Банкомати е без провизија. Исто така имате можност да подигнувате готовина без провизија на сите банкомати од НЛБ Групацијата во Црна Гора, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Ако го заборавите / изгубите PIN кодот на картичката, имате можност да барате реизработка на истиот со поднесување на барање за реизработка на PIN код во најблиската експозитура на НЛБ Банка, со приложување на важечки документ за лична идентификација. Реизработениот PIN код се доставува во Вашата матична експозитура (каде што и иницијално сте ја добиле картичката). Доколку сакате нов ПИН код, во тој случај мора да се промени и картичката односно да добиете нова пластика со нов број.

При погрешно внесување на PIN кодот на ПОС Терминал, Вашата картичка ќе биде автоматски блокирана. За да ја деблокирате потребно е да направите проверка на состојбата на Вашата сметка или да подигнете готовина на НЛБ Банкомат со внесување точен PIN код. На овој начин ќе го ресетирате PIN кодот и повторно ќе можете да ја користите картичката.

Кодот CVV2/CVC2 (Card Verification Value или Card Verification Code) e троцифрен сигурносен код што се наоѓа на средина на задната страна на картичката, поточно на самото поле или покрај полето за своерачен потпис на носителот на картичката.


Бесконтакно плаќање е плаќање кое се извршува само со доближување на картичката до ПОС терминалот. При ваквиот начин на плаќање за износи до 2.000 МКД не е потребно внесување на ПИН код, додека за износи над 2.000 мкд потребно е да се внесе ПИН кодот.

Информација за состојбата и трансакциите на Вашите платежни картички можете самостојно да добиете преку НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство. Исто така, информацијата Ви е достапна и со јавување на телефонскиот број 02/15-600.

Доколку во Вашиот месечен извештај забележите сомнителна трансакција, потребно е веднаш да се јавите на НЛБ Контакт центарот на телефонскиот број 02/15-600 со цел подетално да проверите и евентуално да ја блокирате картичката. Потоа, во најкус можен рок треба да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка со цел да поднесете Барање за оспорување на трансакција.

Двојни задолжувања или задолжувања на неточен износ, во најголем број случаи, се резултат на грешки во моментот на продажба на ПОС терминалите или на интернет или при обработка на трансакциите во процесните центри. Во таков случај, Ви предлагаме да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка, како би поднеле Барање за оспорување на трансакција. Ако барањето има основ, едно од дуплите задолжувања ќе Ви се врати на сметка, односно неточното задолжување ќе се коригира со точно задолжување.

ДЕПОЗИТИ

Ако го разорочите Вашиот депозит пред рокот на доспевање, ќе добиете камата по видување до датумот кога паричните средства се разорочуваат.

Ако орочените средства не се подигнат по истекот на рокот на орочување на Вашиот НЛБ Депозит, средствата на сметката (вклучително и реализираната камата) автоматски повторно се орочуваат на истиот рок.

Согласно Договорот за НЛБ Постепено штедење, истиот не можете да го разорочите првата година. По истекот на првата година, можете да го разорочите НЛБ Постепеното штедење и да ги подигнете сите средства во целост, без можност за делумно разорочување.

Износот на месечната уплата може да е различна. Минималниот месечен износ изнесува 1.000 МКД или 15 ЕУР.

. 

Доколку сакате да отворите НЛБ Депозит за Вашето дете, потребно е да ја посетите најблиската експозитура на НЛБ Банка и да ја доставите потребната документација и тоа извод од матична книга на родени од Вашето дете и Ваш документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Овие документи потребно е да ги приложувате за секоја следна уплата за орочени депозити.

Штедна книшка за малолетно лице може да отвори само родител – законски застапник.

НЛБ КЛИК - ИНТЕРНЕТ БАНКАРСТВО ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

НЛБ Клик интернет банкарството можете да го активирате на следниот линк. Потребно е да го пополните и испратите формуларот со сите Ваши податоци и податоци за картичката. Следно, добивате електронска порака со инструкции за активација на профилот. При притискање на линкот за активација, се отвора нов прозорец каде го пишувате Вашето корисничко име кое ќе Ви служи во иднина за најава.

Доколку ја заборавивте или сакате да ја промените лозинката за најава на НЛБ Клик, потребно е да го пополните и испратите формуларот со сите Ваши податоци и податоци за картичката достапен на следниот линк. Потоа добивате електронска порака за активација на профилот на Вашиот е-маил. При притискање на линкот за активација, се отвора нов прозорец каде го пишува Вашето корисничко име кое ќе Ви служи во иднина за најава. Следно што треба да направите е да ја внесете новата лозинка.

Преку НЛБ Клик интернет банкарство можете да ги реализирате следниве банкарски трансакции:

1. Увид во состојбата и прометот на Вашите сметки, картички, депозити и кредити во секое време
2. Добивање на електронски извод
3. Конверзија од една во друга валута
4. Можност за плаќање на Вашите редовни трошоци
5. Можност за разни плаќања кон физички и правни лица во земјата
6. Можност за плаќање на обврски за кредитни картички и кредити
7. Надополнување на при-пејд сметка на мобилен телефон


Доколку не сте корисник на платежна картичка издадена од НЛБ Банка, потребно е да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка и да поднесете барање за активација на НЛБ Клик интернет банкарство. Согласно поднесеното барање, во експозитурата ќе Ви дадат Договор за интернет банкарство во кој се наведени Вашето корисничко име и активациски код. Податоците од Договорот за електронско банкарство потребно е да ги внесете во полето активација на корисник на најавната страна на НЛБ Клик електронско банкарство за физички лица.

Испечатениот извод од интернет банкарство, НЛБ Банка го смета како официјален документ кој што можете да го приложите како доказ за Вашата состојба на сметка или пак преглед на трансакции.

НЛБ мКЛИК - МОБИЛНО БАНКАРСТВО ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

НЛБ мКлик апликацијата за мобилно банкарство можете да ја преземете на Google Play или Apple store и самостојно да ја активирате со внесување на Вашите лични податоци и податоците од Вашата картичка. Исто така, НЛБ мКлик апликацијата можете да ја активирате и во најблиската експозитура на НЛБ Банка.

НЛБ мКлик апликацијата Ви овозможува самостојно да отворите платежна сметка online, директно преку Вашиот мобилен телефон.

Трошоците за електронските налози извршени преку НЛБ мКлик мобилното банкарство се 50% до 70% пониски од трошоците за хартиените налози извршени во експозитура.


Без разлика во која држава се наоѓате можете самостојно да ги реализирате Вашите банкарски трансакции во денарскот платен промет преку НЛБ мКлик мобилното банкарство. Потребно е само да имате интернет конекција и да имате НЛБ мКлик пакет со можност за плаќање..

Со НЛБ мКлик апликацијата имате можност да ги реализирате трансакциите во платниот промет во земјата, но и трансакциите во платниот промет со странство. Доколку сакате да префрлите средства на сметка во странство истото е овозможено преку функционалноста девизно плаќање.

НЛБ мКлик апликацијата Ви овозможува самостојно да го менувате лимитот на Вашите картички за подигнување готовина на банкомат, плаќања во продажната мрежа на ПОС терминал и интернет плаќања. Оваа функционалност Ви овозможува поголема сигурност и флексибилност при користење на НЛБ платежните картички. 

Вашите режиски трошоци можете да ги платите брзо, едноставно и без дополнителна провизија преку НЛБ мКлик мобилното банкарство.