Што е NLB Pay?


  • NLB Pay е мобилна апликација која Ви овозможува да плаќате директно преку Вашиот мобилен телефон.
  • NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем и NFC технологија. 
  • NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство.
  • Плаќањата се извршуваат бесконтактно, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што Вашиот мобилен телефон се претвора во виртуелен паричник.
  • Можете да располагате со Вашите средства на Вашите Mastercard картички во секое време.

  • Плаќањето со мобилен телефон е поедноставно и од плаќањето со платежна картичка.

Карактеристики

 

  • Овој сервис преку дигитализација на картичките овозможува поедноставно и побрзо плаќање за разлика од конвенционалниот начин на плаќање со платежните картички.

  • Плаќањето едноставно и сигурно и може да се реализира само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминалот (претходно треба да биде отклучен телефонот и да има вкллучен NFC).

  • За плаќањата до 750 МКД не се внесува ПИН код, додека за плаќањата над 750 МКД потребно е да бидат потрврдени со ПИН код.

Главни предности

 

  • Активирањето на апликацијата, дигитализацијата на картичките и користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно!
  • Брзо, едноставно и сигурно!
  • Ви овозможува да плаќате директно преку мобилниот телефон!
  • Модерен и современ начин на плаќање!
  • Вашиот нов мобилен паричник!

 

 

Како да платам преку NLB Pay?

1

Преземете ја NLB Pay апликацијата од Google Play..

Мобилниот паричник NLB Pay може да се користи на мобилни телефони со Android оперативен систем и NFC технологија (Near Field Communication). Мобилниот паричник е наменет за сите корисници на НЛБ Mastercard картичките.

2

Внесете го Вашиот единствен матичен број (ЕМБГ) и последните 4 цифри од Вашата НЛБ MasterCard картичка.

Активирајте ја NLB Pay апликацијата со внесување на еднократна лозинка (OTP) која ќе ја добиете преку СМС порака. Креирајте 4 цифрена лозинка и Вашиот NLB Pay мобилен паричник е активиран.

 Изберете ja НЛБ Mastercard картичката која најчесто ја  користите за плаќање како главна картичка. Доколку сакате да додадете друга картичка на NLB Pay мобилниот паричник, изберете го симболот „+“. 

 

3

За да реализирате плаќање со NLB Pay мобилниот паричник потребно е да го приближите Вашиот мобилен телефон до ПОС терминалот.

Плаќањето може да се изврши само со отклучување на телефонот, без потреба од најава на апликацијата.

 *За плаќања на износ до 750 МКД не е потребно внесување на ПИН код, додека за износи над 750 МИКД потребно е да се внесе ПИН код.