Платен промет во земјата  

За сите денарски безготовински и готовински плаќања.

Карактеристики

  • Можност за готовински и безготовински транскации
  • Плаќања кон физички и правни лица кои имаат сметки во НЛБ Банка
  • Плаќања кон физички и правни лица кои имаат сметки во други банки
  • Готовински исплати и уплати
  • Плаќања преку траен налог
  • Купопродажба на девизи
  • Плаќања преку НЛБ Клик – електронско банкарство

Основни информации

 
НЛБ Банка АД Скопје е носител на платниот промет во земјата и дел од платниот систем на Република Македонија, каде сите денарски платни трансакции на своите комитенти ги извршува преку:
1

Интерен платен промет - плаќања помеѓу комитентите на банката (систем на плаќања во рамки на една банка), кој е најефтин и најбрз начин на реализација на налозите за плаќање.

2

Екстерен платен промет - меѓубанкарски платен промет каде учесниците од две банки своите плаќања може да ги извршуваат преку два система на порамнувања:

  • МИПС – Македонски интербанкарски платен систем односно систем на порамнување во НБРМ. Се користи за итни и големи плаќања на и над 1.000.000 денари.
  • КИБС – Клириншки интербанкарски систем односно систем на порамнување во Клириншката куќа. (Порамнување помеѓу банките кое се врши на крај од пресметковниот ден за налози до 1.000.000 денари.)