kodeks header 0
Воведен говор 00 01

Кодекс на однесување во НЛБ Групацијата

Секојдневно сме посветени кон градење на вредности, следење на мисијата и основните принципи на однесувањето!

Mенаџмент на банката

Блаж Бродњак, Претседател на Надзорен одбор

Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор

Петер Зелен, Член на Управен одбор

Игор Давчевски, Член на Управен одбор

НЛБ Банка АД Скопје e една од водечките банкарски институции во Македонија, чиј долгогодишен успех се темели на воспоставената корпоративна култура и традиција на Банката во согласност со современата информатичка технологија, професионален кадар и успешна пазарна стратегија, поддржани со брендот на НЛБ Банка АД Скопје.

Согласно својата мисија, НЛБ Банка е насочена кон обезбедување на повисоко ниво на квалитет на услугите, преку понуда на современи продукти и услуги прилагодени на потребите на различните пазарни сегменти, како и електронски канали на пристап и интеракција со Банката. Корисничкото искуство, како и степенот на задоволство на нашите корисници од услугите, се од исклучителна важност за Банката. Корисничкото искуство во основа се состои од понуда на иновативни и кориснички ориентирани продукти, наменети за задоволување на секојдневните потреби на клиентите.

Исто така, посветени сме и на активности во областа на општествената одговорност, додека работењето на интегритетот и одговорноста се клучни елементи на нашата корпоративна култура.

Кодексот на однесување во НЛБ Групацијата ги поставува стандардите и правилата на однесување кои се однесуваат на сите нас, без оглед на нашата работа и локацијата каде работиме, како и за нашите соработници кои настапуваат во име на НЛБ Групацијата.

Кодексот ги опишува вредностите и основните принципи на етичкото деловно однесување кое го почитуваме, промовираме и очекуваме во НЛБ Групацијата.

Нашите вредности и уверувања ја подржуваат нашата долгорочна цел, ни помагаат постојано да ја унапредуваме културата на нашето секојдневно работење, што е од суштинско значење за постигнување на долгорочна доверба во сите земји во кои НЛБ Групацијата е присутна.

НЛБ Групацијата бара од своите вработени, без оглед на видот на работата која ја реализираат и локацијата, да функционираат во согласност со највисоките стандарди на интегритет во она што го работат. Клучот за постигнување на овие стандарди претставува силната култура на усогласување која ја спроведува НЛБ Групацијата, со посебно внимание на сите вработени во согласност со политиките, правилата и други интерни акти на Банката како и во согласност со релевантната правна регулатива во сите правни опкружувања во кои делува НЛБ Групацијата.

Кодексот ќе има позитивни ефекти само доколку секојдневно му се посветуваме во целост. Нашето мото треба да биде она што е "правилно", а не она што е дозволено. Работење со интегритет во секојдневното делување е од клучно значење за одржување на деловниот успех и репутацијата на Групацијата.

Менаџментот на НЛБ Групацијата и сите банки членки на Групацијата во потполност го поддржуваат Кодексот и посветени се на негово почитување. Во односот со клиентите, почитувани сме и почитуваме, а на ист начин постапуваме и во односите со деловните партнери и колегите. На овој начин, НЛБ Групацијата внимателно гради партнерство.

Со овој Кодекс секојдневно ја обновуваме нашата посветеност на чесно однесување.

Мисија на НЛБ Групацијата

Како дел од НЛБ Групацијата имаме обврска да ја негуваме културата на одговорност за странката/клиентот, да работиме во согласност со законодавството, правилата на струката, начелата на извонредност и интегритет, како и да негуваме приспособлива организација на НЛБ Групацијата.

Довербата на странките/клиентите, колегите, сопствениците и компанијата во која работиме ни наложува голема одговорност. Ја оправдуваме така што преку соработката со учесниците се залагаме за позитивни промени, заемна корист и раст.

Притоа, вклучувајќи ги нашите вредности во сѐ што работиме, придонесуваме за позитивен развој на нашата околина.