Покана за „миниАРТура“

    

 

НЛБ Банка и Друштвото на ликовни уметници на Македонија, имаат чест да Ве поканат на изложбата „миниАРТура“ која ќе се отвори на 06.12.2016 во 19:00 часот во НЛБ Галеријата. На изложбата ќе се претстават автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.




 За изложбата „миниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по седми пат ќе се додели наградата „ЗЛАТНА ЧЕТКА“, а од страна на НЛБ Банка потрет пат ќе има една откупна награда насловена „НЛБ-МИНИ АРТ“.

За овој вид на изложба, чии дела имаат мал формат, на која што според веќе усвоените пропозиции делата можат да бидат со максимални димензии 10х10цм, авторскиот концепт за оформување на делото најчесто представува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз. 

 

Духот на минијатурата се гледа преку компактноста на композицијата и способноста на уметникот да се изрази во ограничен формат. 

Минијатурата не е прикажување на еден детаљ или исечок од една целина, таа е осмислен концепт во мал формат и представува хомогена и кохерентна целина на еден индивидуален приказ.

 

Авторите имаа можност без никакви ограничувања, самостојно да ги бираат медиумите во кои ќе ги изработат и прикажат своите дела, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за „големината“ на минијатурата.

 

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје