"НЛБ дигитално искуство" - Tech.o настан и Hackathon

   

   

Почитувани клиенти,

  

Ве инфомираме дека НЛБ Банка со цел да се вклучи во глобалните трендови на промовирање на современи технолошки иновации и дигитализација, за прв пат оваа година, се јавува како генерален спонзор на  Tech.o настанот (организиран од страна на софтверската компанија Valoso Hub), како и на програмерски маратон Hackathon (настан на кој индивидуални софтверски програмери (или тимови), за краток рок, најчесто 1-2 дена, програмираат одредено решение врз основа на поставени цели од страна на спонзорот – во овој случај НЛБ Банка).

 

Идејата на Tech.o настанот е да овозможи приближување и тесна соработка помеѓу релевантните лидери од областа на бизнисот, ИТ сферата, сопствениците на стартапи и инвеститорите со цел размена на идеи и инвестирање во создавање на еко-систем за развој и промовирање на современи иновативни технологии.

 

Идејата на Hackathon маратоните е привлекување на програмери кои за кратко време, во зависност од целта на настанот, треба да создадат и испорачаат одредена вредност, софтвер, идеја, иновативен концепт. Во рамки на Hackathon настанот, НЛБ Банка се јавува во улога на генерален спонзор.

 

Темата на Hackathon-от, кој оваа година е посветен на Банката е:
NLB дигитално искуство (NLB Digital experience)

           

   

На настанот ќе бидат поканети програмери кои индивидуално или во тимови од тројца учесници, ќе се натпреваруваат во програмирање на одредени софтверски решенија.

 

Настанот ќе се одржи на 22/23 Април 2017 година.

  

   

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје