Изложбата „Златен прав“ во НЛБ Галеријата

 

На 25 Април 2017 година, во 19 часот во НЛБ Галеријата беше отворена изложбата насловена „Златен прав“ во организација на НБРМ и Народниот музеј на Словенија.

 

Со отворањето на изложбата НБРМ ја означува 25 годишнината од постоењето на Македонскиот денар, но и 25 годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Словенија.

 

Изложбата е составена од делата на уметничката двојка академскиот сликар и графичар Билјана Унковска и академскиот сликар Рудолф Шпанцел.
Додека Рудолф Шпанзел учествуваше во дизајнирањето на словенечките банкноти, Билјана Унковска учествуваше во дизајнирањето на македонскиот денар во 1994 година. Нејзините колоритни, сликовити банкноти зборуваат за историјата и македонскиот народ.
Во оваа поставка, делата на мајката на македонскиот денар и таткото на словенечкиот толар (како што се популарно наречени од медумите), зборуваат за минатото на националните банкноти, но и за иднината, преку делата на нивниот син магистерот по уметност Дориан Р. Шпанцел. Од уметничкиот свет на Рудолф и Билјана, којшто зборува со традицијата на средноевропскиот и византискиот свет, излезе Дориан чиј уметнички јазик го одразува контекстот на современото општество, коешто парите ги внесе во сите слоеви на човековиот живот и постоење.

 

Ве покануваме да ја посетите оваа изложба која во НЛБ Галеријата ќе остане отворена се до 31.05.2017 година (секој ден од 8 до 20 часот), а која ги претставува световите на тројцата уметници, поврзани во една тема: „Златен прав“.