Објавени резултатите на НЛБ Банка

НЛБ Банка оствари уште една успешна деловна година

 

Според резултатите објавени на Годишното акционерско собрание, кое се одржа на 11-ти мај 2017 година, НЛБ Банка АД Скопје заокружи уште една во низата успешни години, со највисоко остварена нето добивка до сега од 25,7 милиони евра. 

 

За НЛБ Банка АД Скопје, 2016 година беше уште една успешна година, како на финансиски така и на оперативен план при што Банката ги исполни и ги надмина планираните цели во делот на остварената добивка, вкупната профитабилност, профитабилноста по вработен, трошочната ефикасност и солвентноста.

 

Во 2016 година, Банката оствари нето добивка во износ од 25,7 милиони евра или пораст од 89,8% во однос на минататa година и поврат на капиталот од 23,2%. Вкупната актива на Банката достигна 1.164,9 милиони евра поддржана од растот на депозитите, a сo интензивните продажни акции портфолиото на кредити се зголеми за 5,1% без ефектите од измените на регулативата на НБРМ, при што како и изминатите години, растот беше предводен од сегментот население. Учеството на нефункционалните пласмани дополнително се намали и изнесуваше 4,8%. Добивката по акција изнесува 30 Еур и е повисока од претходната година за 63%.

 

Како признание за успешните резултати од работењето, НЛБ Банка е наградена со Награда Национален шампион на Македонија според European Business Awards за 2016/2017, втор пат по ред, а за 2016 година ја доби и наградата Europe Banking Awards 2016, за најдобра банка во Македонија од финансискиот магазин EMEA.

           

На Собранието на акционерите, беше одлучено 54% од остварена добивка од 2016 година или 13,8 мил. евра да се исплати како дивиденда за акционерите, што претставува 16 евра по акција. Останатите 31% или 7,9 мил. евра се наменети за резерви со кои ќе се зајакне капиталната позиција на Банката а 15% или 3,9 мил. евра се наменети за инвестиции во капитални добра согласно планот за капитални инвестиции на Банката за 2017 година.

 

На Собранието на акционерите на НЛБ Банка, беше усвоена и Деловната политика на Банката за 2017 година и Стратегијата за следниот петгодишен период, која е фокусирана на сегментот мали и средни претпријатија, микробизнисот и населението со интензивирање на кредитните активности директно или преку кредитни посредници и платформи за масовна продажба, задоволување на новите потрошувачки преференции, поддршка на традиционалното станбено кредитирање, понуда на небанкарските услуги и помасовно користење на функционалностите на платните сервиси, како и целосно централизирана услуга на големите компании која подразбира сеопфатна финансиска понуда, финансиско советување и достапност на услугата на сите пазари каде е присутна НЛБ Групацијата. Банката интензивно ќе работи на дигитализација на процесите, во насока на полесна достапност на услугите, како и на развој на нови иновативни продукти и понуда на небанкарски услуги.

 

Собранието ја одобри работата на членовите на Надзорниот одбор на Банката: Блаж Бродњак, Марјета Звер Цанкар, Петер Зелен, Винценц Јаминк, Абдулменаф Беџети и Борислав Атанасовски, а воедно усвои одлуки за нивно повторно именување, кои ќе стапат на сила по добивање согласност од Гувернерот на НБРМ.

  

 Со почит, 

 НЛБ Банка АД Скопје