Оглас за Вработување

НЛБ Банка вработува „Развоен проектант и Администратор на бази на податоци“ и Систем инженер"  во Сектор за информатичка технологија 

 

 

Ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци, посветени на барањата на клиенти, успехот, иновациите и предизвиците во работата, каде што меѓусебната доверба, соработка и почит мегу членовите на тимот и соработниците се основни начела и вредности на нашето работење/делување.

Доколку ги споделувате/се препознавате во овие вредности ви нудиме работа во динамично опкружување со бројни можности за обука и професионален развој во нашиот Сектор за информатичка технологија на следниве работни позиции:   

 

  1. Развоен проектант
  2. Администратор на бази на податоци
  3. Систем инженер

 

Отворените работни позиции ви нудат можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на  ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

 

 Во продолжение се и описите на работното место, за кое покрај техничките вештини потребни се и  основни „софт“ вештини за комуникација со интерни деловни корисници:

 

 

1. Опис на работното  место Развоен проектант

  • Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
  • Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите;
  • Менторство, советување и поддршка на корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи;
  • Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
  • Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
  • Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија;
  • Менторство и пренос на знаења;
  • Учество во проектни групи.

1.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Развоен проектант

  • Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);           
  • Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
  • Познавање на системи за управување со бази на податоци;
  • Аналитичиност, конструктивност и истрајност во изнаоѓање на решенија;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

 

2.    Опис на работното  место Администратор на бази на податоци

  • конфигурација, одржување и управување со базите на податоци;
  • планирање на стратегија и архитектура на базите на податоци;
  • следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на базите на податоци и предлагање на промени и подобрувања;
  • изработка на безбедносни копии и обновување на базите на податоци;
  • следење на перформансите и функционирањето на базите и нивно оптимизирање;
  • соработка при развој на апликации;
  • изработка на упатства, прирачници и стандарди;
  • предлагање и реализација на безбедносни политики и обезбедување на безбедносни механизми.

2.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно    место Администратор на бази на податоци

  • Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
  • Минимум две години работно искуство со администрација на бази на податоци;
  • Активно познавање на Microsoft SQL Server;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

 

 

3. Опис на работното место Систем инженер


• Одржување, надзор и имплементација на сервери и сервиси Windows Client Server 2008/2012 инфраструктура со повеќе AD контролери, дистрибуирана Exchange платформа и Microsoft сервиси Web и File сервиси, во физичка и      виртуелизациска околина (HyperV и VMware);

• Управување и поврзување со централни Storage системи;

• Поддршка на клиентска Windows инфраструктура.


3.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Систем инженер

• Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);

• одлично познавање, специјализација и искуства во системско одржување и администрација на Windows Client Server 2008/2012 Exchange платформа

• Способност за тимска работа и самоиницијативност;

• Способност за одлучување;

• Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

 

 

Заинтересираните своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк заклучно со 31.05.2017, со избирање на работната позиција за која аплицирате.