НЛБ Банка воведе нови станбени кредити со пониски каматни стапки и ги намали каматните стапки кај депозитите за физички лица

 

НЛБ Банка воведе нови станбени кредити со пониски каматни стапки. Новите кредити се со важност од 15.05.2017 година и се однесуваат за приматели на плата во Банката. Каматните стапки се фиксни за првите три до пет години, зависно од типот на кредитот и започнуваат од 3,5%. За остатокот од периодот каматните стапки се променливи и нивната пресметка зависи од движењата на 6-месечниот ЕУРИБОР. 

 

Во периодот до 31 мај Банката спроведува промотивна кампања за НЛБ Станбени кредити во рамките на која станбените кредити се одобруваат со пониски манипулативни трошоци, без трошоци за проценка и бесплатна полиса за осигурување на станот. Како дополнителна поволност клиентите имаат можност за користење на бескаматен Happy плус Инстант кредит за опремување на станот.

 

Воедно Банката ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР, од 0,05 до 0,4 процентни поени. Новите каматни стапки на депозитните продукти важат од 15.05.2017 година и се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити.

 

Новите каматни стапки на станбените кредити и депозитите за физички лица може да ги видите на следните линкови:

 

Каматни стапки на станбени кредити за физички лица

 

Каматни стапки на депозити за физички лица

           

  

 Со почит, 

 НЛБ Банка АД Скопје