НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за сите кредити за физички лица

 

   

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредити за физички лица до 30.06.2017 година.

 

Во рамки на кампањата, НЛБ Станбените кредити се одобруваат со намалени поповолни каматни стапки. Каматните стапки започнуваат од 3,5% и се фиксни за првите три до пет години, зависно од типот на кредитот. За остатокот од периодот каматните стапки се променливи и нивната пресметка зависи од движењата на 6-месечниот ЕУРИБОР. Исто така, станбените кредити се одобруваат со пониски манипулативни трошоци, без трошоци за проценка и бесплатна полиса за осигурување на станот за првата година, а како дополнителна поволност клиентите имаат можност за користење на бескаматен Happy плус Инстант кредит за опремување на станот.

  

Воедно кај НЛБ Потрошувачките кредити, Банката го нуди Ризико виолетовиот потрошувачки кредит со каматна стапка од 6% фиксна за првите две години, без трошоци за одобрување. Останатите НЛБ Потрошувачки кредити се одобруваат со 50% пониски трошоци за одобрување.

   

За подетални информации клиентите можат да се обратат во сите експозитури на Банката, на телефон 02/15 600 или на веб страната: www.nlb.mk

 

Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје