Информација за исплатена дивиденда за 2016 година

 

  

 

Почитувани акционери,

 

 

Ве информираме дека на ден 12.06.2017 година е извршена исплата на дивиденда согласно Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година. 

Исплатата на дивиденда се изврши за сите акционери кои имаа сметки во платниот промет или кои имаа доставено уредни инструкции за исплата во предвидениот рок.  

 

Дивидендата за акционерите кои немат доставено сметки во предвидениот рок, ќе биде исплатена на неделно ниво откако истите ќе ја достават до Банката потребната документација, наведена во продолжение:

 

-       За акционерите коишто немаат трансакциска сметка во Банката, исплатата ќе се врши согласно лично доставен пополнет и потпишан образец за инструкции од акционерот во експозитурите на Банката или во Службата за деловно планирање и анализа, Сектор за финансиско управување во дирекцијата на Банката. Идентификацијата на акционерите се врши со документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош.

-       Образецот Инструкции за исплата на дивиденда, за акционерите резиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.    

-       Образецот Instructions for dividend payout, за акционерите нерезиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.

-       Покрај образец за инструкции, акционерот е потребно да достави и копија од картичка за трансакциска сметка од Банката во којашто сака да му биде исплатена дивидендата.

    

   

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје