НЛБ Банка воведе нови кредитни и депозитни продукти и изврши намалување на каматните стапки на кредити за правни лица

   

  

  

Почитувани клиенти,

 

Почнувајќи од 10.07.2017 год. НЛБ Банка воведе нови девизни депозитни продукти за физички лица. Новите депозитни продукти се со рочност до 60 месеци, при што депозитите со рочност до 36 месеци имаат фиксни каматни стапки, додека каматните стапки кај депозитите на 48 и 60 месеци се варијабилни и поврзани со 6-месечен ЕУРИБОР.

Новите депозитни продукти можете да ги видите на следниот линк:

 

Каматни стапки на депозити за физички лица

  

Воедно, воведени се и нови кредитни продукти за физички лица, кај кои наместо досегашната променлива каматна стапка ќе се применува варијабилна каматна стапка поврзана со 6- месечен ЕУРИБОР. 

Новите каматни стапки можете да ги погледнете на линкот:

 

Кредити за физички лица 

  

Исто така, почнувајќи од 10.07.2017 год. НЛБ Банка изврши намалување на каматните стапки кај дел од кредитните продукти за правни лица.  Намалувањето на каматните стапки се движи од 0,2 до 1 процентен поен и се однесува за сите новосклучени договори за кредит.

Новите каматни стапки на кредитите за правни лица можете да ги видите на следниот линк:

 

Каматни стапки на кредити за правни лица

 

 

Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје