Изложба на Друштвото на ликовни уметници на Србија во НЛБ Галерија
Почитувани,
Скопско лето 2017 и НЛБ Банка АД Скопје, Ве канат на отворањето на изложбата на слики, скулптури и графики во организација на Амбасада на Република Србија и Друштво на ликовни уметници на Македонија, во НЛБ Галеријата на 14ти Јули, 2017 година (петок) во 20 часот и 30 минути.
Здружението на ликовни уметници на Србија (УЛУС) е една од најстарите организации на Балканот, основана во 1919 година. Струковно здружение, кое ја продолжи работата на првото професионално здружение на српски уметници за пластични уметности и музика. Брои повеќе од две илјади членови, креатори на различни генерации.
На изложбата на слики и скулптури во организација на Здружението на ликовни уметници на Србија во соработка со Здружението на ликовни уметници на Македонија, ќе бидат изложени 55 дела.
Белег на оваа изложба е пред се аспирациите на двете здруженија и нивните членови на субјективни креативни сили да се поттикне и промовира меѓународната соработка, квалитетот и разновидноста, со размена и собирање на искуства, негување на независен сензибилитет.
Софистицираното и поетско чувство на уметникот, љубов и сензуалност, енергија и инстинктивно чувство за естетика ни даваат претстава за состојбата на духот и обичаите на времето во кое тие создаваат.
Специфично и интересно на овој пионерски потфат е богатството на идејни, тематски и изразни радозналости, од една страна, на современи и иновативни, а од друга страна традиционални, но секако карактеристични во своите автентични авторски личности.

Автори:
Пачов Стојан, Милена Бошковиќ,. Маја Николиќ, Миленко Михајловиќ, Галевски Јордан, Влада Милинковиќ, Николиќ Марија. Рашиќ Владимир, Галев Васил, Петровска Данкица, Блажевска Љиљана, Крстиќ Будимија, Цветковиќ Драган Цвеле, Крстиќ Велизар, Грозданиќ Снежана, Тодор Јовановски, Мирјана Крстевска, Станојевиќ Ѓорѓе, Утјешеновиќ Елена, Курузовиќ Александар, Кајтез Татјана, Цариќ Билјана, Чанак Весна, Ковачевиќ Томиќ , Тодоровиќ Гадомски Алина, Стефан Станчиќ, Бојиќ Драгана, Ристиќ Гордана., Татар Весна, Бујиќ Рената, Димовски Цветан, Ена Поповиќ, Ристиќ Миодраг, Милош Шариќ, Ајтоски Славе, Билјана Половина, Драган Станковиќ, Синиша Новески, Владислава Крстиќ, Андреја Прокопијевиќ, Марко Кресоја, Слободан Костадиновски Бока, Билјана Поповиќ, Раде Марковиќ, Марко Вукса, Гордана Белиќ, Драгана Филиповиќ Сантовац, Mayela Leiva Ulloa, Миодраг Роган, Поповиќ Невена, Ненад Миловановиќ, Лепосава Милошевиќ Сибиновиќ.
Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје