Промотивна кампања за НЛБ Проклик – електронско и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица

  

  

Почитувани клиенти,

  

Ве информираме дека во периодот од 01.09.2017 до 30.09.2017 година НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и за НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица.

 

        

Во рамките на промотивната понуда, сите кои ќе станат корисници на НЛБ Проклик електронското банкарство или НЛБ мПроклик мобилното банкарство во промотивниот период ќе можат да ги искористат следниве поволности:

 

    •              Без трошоци за електронско банкарство за сите плаќања до крајот на октомври
    •              Бесплатна Mastercard Business или Visa Business картичка за првата година на користење 

 

Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство имате постојан увид на состојбата и прометот на Вашите сметки и можете самостојно да ги извршувате банкарските трансакции брзо и едноставно. НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик Ви овозможуваат да ја зголемите ефикасноста на работењето на Вашата компанија и рационално да го трошите Вашето време и средства.

 

Повеќе информации можете да добиете на телефонски број 02/ 15 600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк

           

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје