НЛБ БАНКА ВОВЕДЕ ПРОМОТИВНИ ЕСЕНСКИ ДЕПОЗИТИ СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА

   

  

Почитувани клиенти,

  

Во рамки на НЛБ Месецот на штедење, НЛБ Банка воведе промотивни есенски депозитни продукти за физички лица. Новите депозити се со рочност од 18 и 36 месеци, со промотивна фиксна каматна стапка и се наменети за сите клиенти на Банката.

 

Кај НЛБ Промотивниот есенски депозит на 18 месеци каматната стапка во МКД изнесува 1,7%, а за ЕУР 0,5% годишно. Кај НЛБ Промотивниот есенски депозит на 36 месеци во ЕУР каматната стапка изнесува 1,10% годишно.

 

Промотивните есенски депозити се со важност до 31.10.2017 година.

 

Новите промотивни есенски депозити и нивните карактеристики можете да ги погледнете на линкот:

 

НЛБ Промотивни есенски депозити

   

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје