Изложбата „МиниАртура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во НЛБ Галерија

 

Чест ни е да ве поканиме на отворањето на 8-мото издание на изложбата „МиниАртура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.  Отворањето на изложбата е закажано за 29.11.2017 година (среда) во НЛБ Галерија со почеток во 20 часот, a на изложбата ќе се претстават автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.

За изложбата „миниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по осми пат ќе се додели наградата „ЗЛАТНА ЧЕТКА“, а НЛБ Банка петти пат ќе додели една откупна награда насловена како „НЛБ МиниАрт“.

 


За овој вид на изложба, чии дела имаат мал формат, на која што според веќе усвоените пропозиции делата можат да бидат со максимални димензии 10х10цм, авторскиот концепт за оформување на делото најчесто претставува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз.
Духот на минијатурата се гледа преку компактноста на композицијата и способноста на уметникот да се изрази во ограничен формат. 

Минијатурата не е прикажување на еден детал или исечок од една целина, таа е осмислен концепт во мал формат и представува хомогена и кохерентна целина на еден индивидуален приказ.

Авторите имаа можност без никакви ограничувања, самостојно да ги бираат медиумите во кои ќе ги изработат и прикажат своите дела, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за „големината“ на минијатурата.

           

   

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје