Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ по 5-ти пат во НЛБ Галерија 

  

Почитувани клиенти,

  

На 14 декември 2017 година (четврток), во 19 часот, во НЛБ Галеријата, на ул. Мајка Тереза бр. 1, Скопје, свечено ќе биде отворена по петти пат традиционалната изложба на дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ за 2017 година која е во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“, Компанијата „ВИА“ - Вевчани и НЛБ Банка АД Скопје.

 

На изложбата ќе бидат претставени дела на  еминентни ликовни уметници учесници на Колонијата: Хо Ми Ан (Виетнам), Жаклин Делакрос (Франција) Олга Панкина (Русија), Божидар Дамјановски (Србија), Дарвиш Сајед (Франција), Јасна Вишниќ(Србија), Мустафа Арапи (Албанија), Олга Антоненко (Украина), Марјана Гоџабелиу (Албанија), Алексеј Белугин (Русија), Александар Шеблдаев (Русија), Одил Кортет (Франција), Светлана Орлова (Русија) , како и Петар Попчев, Ниче Василчев, Атанас Атанасоски, Доне Милјаноски, Ставре Димитров-Стадим, Станко Ѓорѓиев, Живко Поповски Цветин и Антони Мазневски од Република Македонија.

 

На изложбата ќе биде промовиран каталогот „Пресликана природа“, во издание на колонијата, во кој се содржани критички осврти и приказ на уметничките дела на сликарите учесници на колонијата во 2017 година.

  

Почнувајќи од 2010-та, секоја година на крајот на месецот јуни, во реномираниот ресторан „Виа Игнација", во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација имаат земено учество над 200 еминентни ликовни уметници од Република Македонија, но и од Република Грција, Русија, Бугарија, Албанија, Србија, Словенија, Египет, Франција, Мексико, Виетнам, Полска, Шведска и др.

Со задоволство Ве каниме да бидете дел од овој традиционален културен настан.

    

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје