НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

 

  

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,02 до 1 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 01.04.2018 година. Исто така, од 01.04.2018 година, од понудата на Банката се повлекуваат:

   

-       Златниот депозит во МКД, ЕУР и УСД и

-       Златниот Плус депозит во МКД на износи до 3 милиони МКД и Златниот Плус депозит во ЕУР на износи до 50 илјади ЕУР.

     

Новите каматни стапки на депозитните продукти за физички лица се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити. 

   

Кај постојните договори за депозити, важечката каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот.

  

Новите каматни стапки се достапни на следниот линк:  Каматни стапки на депозити за физички лица

   

  

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје