НЛБ Банка вработува 

   

  

  

 

 

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

 

За потребите на нашите безбедносни служби бараме кандидат за следната атрактивна работна позиција:

 

Технички специјалист за безбедносни системи

 

Главна цел на работното место е инсталација, одржување и контрола на техничките безбедносни системи (видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап)

 

Улога во тимот:

  • Одржување и контрола на системите за техничко обезбедување (со главен фокус на системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап);
  • Спроведување на процедурите и упатствата на безбедносните системи на Банката
  • Координација и контрола на надворешни добавувачи на технички и безбедносни услуги;
  • Планирање и организација на превентивни и вонредни мерки за одржување
  • Анализа и известување за користењето на системите
  • Администрирање на профилите на корисниците на техничките безбедносни системи.


Потребни квалификации и компетенции
:

  • Техничко образование од областа на електро-техниката / електроника:
  • Електро-техничар (средно стручно образование) со најмалку 5 години соодветно работно искуство или
  • Инженер по електро-техника / електроника со најмалку една година соодветно работно искуство
  • Соодветно работно искуство за оваа позиција се смета инсталација / одржување на алармни системи, системи за видео надзор и друга безбедносна опрема
  • Напредни технички познавања од системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап.
  • Англиски јазик на најмалку средно ниво, стручен технички јазик
  • Аналитичност и темелност во работењето, способност  за идентификација на проблеми и нивно решавање
  • Афинитет кон безбедносни системи

 

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:

-       Работното место нуди предизвик за работа со софистицирани технички системи за поддршка на безбедноста на Банката

-       Тим на успешни професионалци, посветени на иновации

-       Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето

-       Можности за обука и кариерен развој

-       Конкурентен пакет на плата и надоместоци

 

Заинтересираните кандидати своите податоци можат да ги достават на следниот линк најдоцна до 25.05.2018 година.

 

  

НЛБ Банка АД Скопје