НЛБ Банка со најсовремен начин на плаќање – мобилен паричник NLB Pay

   

  

НЛБ Банка на 19.09.2018 година ја промовираше новата услуга, NLB Pay мобилен паричник – која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.

 

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата.

NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. Плаќањето со мобилниот паричник е брзо, едноставно и сигурно и се реализира само со отклучување на мобилниот телефон и приближување до ПОС терминалот, без потреба од најава на NLB Pay апликацијата.

Користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно, независно од бројот на НЛБ Mastercard картички кои клиентите ќе ги дигитализираат.

На настанот се обрати Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

 

Со оглед на тоа дека мобилниот телефон е уред кој секогаш го носиме со нас и по правило не го испуштаме од рака, убеден сум дека нашата нова услуга, NLB Pay мобилниот паричник, дополнително ќе ги олесни плаќањата кои ги вршат нашите клиенти. НЛБ Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките со што се овозможува поедноставно и побрзо плаќање на сите бесконтактни ПОС терминали. Плаќањата се извршуваат преку мобилниот телефон, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што мобилниот телефон се претвора во виртуелен паричник.

Овој настан имаше и донаторски карактер, а присутните гости имаа можност преку својата прва транскација со NLB Pay да донираат средства за Специјалната олимпијада Македонија.

Апликацијата е достапна за преземање на Google Play store, а клиентите можат да го погледнат упатството за преземање на следниот линк

НЛБ Банка

Иднината е денес.