СО НЛБ ДЕН ЗАПОЧНА МЕСЕЦОТ НА ШТЕДЕЊЕ ВО НЛБ БАНКА 




Од 25-ти Септември,

Со организација на традиционалниот НЛБ Ден, започна месецот на штедење во НЛБ Банка, оваа година на тема  ,,Штедење и безбедност во сообраќајот.




Веќе 7 - ма година по ред, НЛБ Денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на НЛБ Банка и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката. За децата од неколку основни училишта, во рамките на НЛБ Денот беше
организирана посебна забавна и едукативна програма на тема:
,,Штедење и безбедност во сообраќајот“. 




НЛБ Денот го означува почетокот на НЛБ Месецот на штедење, кој ќе трае до 25.10.2018 година. Во рамките на истиот НЛБ Банка ќе спроведува акција за собирање на цртежи, во која децата ќе имаат можност да цртаат на тема ,,Штедење и безбедност во сообраќајот“.  

 


Своите цртежи децата потоа ќе можат да ги постават на посебна веб страница отворена затаа намена: stedenje.nlb.mk
или да ги донесат во било која експозитура на НЛБ Банка. Изборот за најдобри цртежи ќе биде направен врз основа на гласањето преку веб страницата и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници. Најдобрите цртежи ќе бидат наградени со признанија и парични награди.




НЛБ Банка АД Скопје