НЛБ ГАЛЕРИЈА: Изложбата на Моника Десоска – Каргова „Живееме, танцуваме, тагуваме...“

 
  
 

  

На 20 Март, 2019 година со почеток од 20:30 часот, во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде отворена изложбата „Живееме, танцуваме, тагуваме...“ на дела од Моника Десоска – Каргова.

 

Моника Десоска-Каргова за прв пат се претставува на македонската публика во 1992 година, со делото „ Поглед кон надвор“ во Дом на култура-Прилеп. Помеѓу тогаш и денеска, нејзиниот уметнички дух не мируваше туку се трансформираше, патуваше, моделираше и истражуваше.

 

Делата од серијата наречена „ Живееме, Танцуваме, Тагуваме....“ се развиени низ последните 9 години од уметничкото творештво на уметницата. Нејзините дела претставуваат флуидна структура, со колоритна експлозија која го наведува набљудувачот на индивидуален, интимен разговор. Делата не заведуваат со минималистичко претставување на фигурите, кои танцуваат, разговараат и ненаметливо ни ја раскажуваат приказната. Употребата на сегментите на небо, земја, воздух и море создава длабочина која ја потенцира безграничноста, динамиката и енергијата со која се поистоветуваме.