Известување за грабеж во експозитурата Чаир на НЛБ Банка

 
   

    

Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабежКлиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба.

 

Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.

  

Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што  ќе ја известиме јавноста дополнително.