Информација за работно време на експозитурите на НЛБ Банка и дополнителни превентивни мерки при посета на експозитура

  

Почитувани клиенти,

 

Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури и воведе дополнителни превентивни мерки. 

 

Работното време на експозитурите ќе се менува тековно согласно расположливите капацитети, актуелни мерки и состојби и истото редовно ќе се ажурира. Новото работно време на експозитурите е ажурирано на веб страницата на Банката на следниот линк: https://bit.ly/3b2C08a 

Заради тоа препорачуваме, пред посета на некоја од експозитурите на Банката да го проверите работното време на истата. Воедно информираме дека eкспозитурите на Банката продолжуваат со работа за клиентите со извршување на сите банкарски трансакции.

 

Со цел поголема заштита на клиентите и вработените, во сите експозитури ќе биде организиран посебен ред за влез, при што ќе се дозволува влез во групи до 5 лица со цел да се избегнат редиците и гужвите пред шалтерите. На сите клиенти им препорачуваме да одржуваат растојание од 1 м еден од друг.

 

Во сите експозитури се поставени средства за дезинфекција, при што ве молиме за Ваша заштита да ги дезинфицирајте рацете при влез и излез од експозитурата.

Банката применува засилена дезинфекција на сите простории, експозитури и  банкомати со цел поголема заштита на посетителите и вработените.

   

      

      

За Ваша заштита и заштита на Вашите блиски, oстанете дома, минимизирајте ги посетите на експозитурите доколку не се неопходни и извршувајте ги сите банкарски трансакции преку мобилно и електронско банкарство без провизии до 15.04.2020 година.

 

Ние сме со Вас заедно за се што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата www.nlb.mk и на телефонскиот број 02/15-600

  

Со почит,
НЛБ Банка