НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица  

 

  

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,40 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 7.7.2020 година.
 

Новите каматни стапки на депозитните продукти за физички лица се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити и истите се достапни на следниот линк.
 

Кај постојните договори за депозити, новата каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот, односно при следното доспевање на депозитот. 

 

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на НЛБ Банка или на телефонскиот број 02/15-600.