Три признанија за НЛБ Банка од нашиот партнер Visa

 

 

 
 
 

За минатата 2021 година, НЛБ Банка е единствениот партнер на Visa во РС Македонија кој, заради извонредните резултати не само во земјата туку и во цела Југоисточна Европа, се закити со три престижни Visa признанија за:

 

∙Исклучителни Visa безготовински перформанси во Југоисточна Европа

∙Најдобри во класата Visa - Активација на спонзорство за Олимписките игри во Токио и

∙Крос-маркет Visa партнерство за проектот „Рамка за помош“ – поддршка на малите бизниси

    

 

       

Како што истакнуваат од Visa, НЛБ Банка е еден од неколкуте врвни перформери на Visa во (Payment Volume) - вкупен износ на безготовински промет реализиран од страна на целокупното Visa картично портфолио на Банката и (Payment Volume Growth) - oстварен раст на вкупен безготовински промет на целокупното Visa картично портфолио на Банката, во цела Југоисточна Европа во 2021 година.

 

„Овие признанија се потврда за големината на партнерствата кои ги градиме, посветеноста на бизнисот и клиентите и поддршката која ја даваме на заедницата во која делуваме. Упатуваме огромна благодарност до Visa и посебна благодарност до нашите клиенти, со кои, секоја награда има поинаква смисла и повисока вредност.“- истакнува НЛБ Банка.