19 совети за релаксиран одмор

  

Уплативте за Вашиот годишен одмор и веќе почнавте да ги пакувате најбитните работи.

Но, дали заборавивте нешто? Во продолжение за Вас подготвивме совети за релаксиран одмор.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

9 работи на кои што треба да внимавате пред заминување на одмор

  • Покрај Вашите дебитни и кредитни картички добро е да понесете и готовина во локалната валута, зависно од земјата која ја посетувате. Готовината можете да ја обезбедите во сите експозитури на НЛБ Банка. Валутите коишто не се толку чести за секој случај нарачајте ги во експозитурите на НЛБ Банка неколку дена пред заминувањето на летен одмор.
  • Проверете колку расположливи средства и дозволен лимит имате на Вашите  НЛБ Mastercard или Visa картички.
  • Ако на картичката имате повеќе парични средства и висок лимит, потребно е да внимавате. Намалувањето на лимитот на картичките при подигање на средства од банкомат или при плаќање на продажни места или на интернет, можете самостојно да го промените преку НЛБ мКлик мобилната апликација или во најблиската експозитура.
  • Следете ја состојбата на Вашите сметки и картички преку мобилната апликација НЛБ мКлик која Ви озвозможува да бидете постојано во тек со состојбата и прометот на своите (и овластените) лични сметки и депозити и платежни картички.
  • Запознајте се со политичките услови во државите каде што патувате.
  • Информирајте се за локалните закони и навики (и за тоа кои документи ви се потребни) за да ги избегнете евентуалните непријатности.
  • Не заборавајте да обезбедите полиса за патничко осигурување во најблиската експозитура на НЛБ Банка или онјлајн преку НЛБ мКлик мобилната апликација.
  • Проверете ги сообраќајните прописи. Исто така проверете дали Ви е потребна меѓународна возачка дозвола или превод на македонска возачка дозвола.
  • Освен пасошот, не заборавајте со себе да понесете и други документи, како лична карта и возачка дозвола
       

7 едноставни совети за поголема сигурност на одмор

  • Внимавајте на сопствениот багаж и паричник.
  • Парите менувајте ги само во банките и официјални менувачници.
  • Не носете со себе повеќе пари отколку што Ви се потребни.
  • Носете ремен за криење на пари по облеката. Ако патувате во пар или група, поделете си ги парите и картичките меѓу себе.
  • При плаќањето со платежна картичка бидете многу внимателни и имајте ја картичката цело време пред очи.
  • Не оставајте го клучот на својата соба на рецепција кога не е присутен рецепционерот.
  • Доколку хотелот во кој престојувате има сеф, оставете дел од готовината и една од Вашите картички во сефот.

  

4 совети кои може да Ви помогнат да се справите со секоја ситуација

  • Ако парите, картичките, документите Ви ги украдат или ако ги изгубите, известете ја локалната полиција којашто ќе состави записник. Ако ви е потребна помош, јавете се во македонското дипломатско - конзуларно претставништво во државата каде што се наоѓате.
  • Изгубената или украдена НЛБ картичка можете веднаш да ја пријавите само со повик на телефонскиот број +389 2 15 600 .
  • Ако во странство останете без финансиски средства, ќе ви помогне Western Union. Средствата ги добивате за неколку минути на повеќе од 250.000 уплатно - исплатни места во светот.
  • Доколку сте на одмор или службено патување во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Словенија или Србија за било каква ситуација веднаш можете да се обратите во која било експозитура на НЛБ Групацијата во таа држава.

 НЛБ мКлик мобилно банкарство - Реализирајте ги сите банкарски трансакции преку мобилен телефон додека уживате во летниот одмор!


НЛБ мКлик - мобилно банкарство е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен телефон. Со НЛБ мКлик апликацијата можете да вршите разни плаќања директно од Вашиот мобилен телефон и да ги извршувате сите банкарски работи од било кое место и во било кое време!  Апликацијата НЛБ мКлик можете да ја симнете преку Google Play или Apple Store. 

  

Преку НЛБ мКлик мобилната апликација можете да ги реализирате следните банкарски трансакции додека ужувате во летниот одмор и тоа:

  • Едноставно да пристапувате до податоците и да ја проверувате состојбата и прометот на сите Ваши сметки, депозити,картички и кредити
  • Можете да ги реализирате сите плаќања со само еден клик: интернитрансакции, режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица
  • Можност за промена на лимитот на Вашите картички за подигнување готовина на банкомат, плаќања во продажната мрежа на ПОС терминал и интернет плаќања, за Ваша поголема сигурност и флексибилност при користење на НЛБ платежните картички
  • Конверзија од една во друга валута
  • Надополнување на кредит за мобилен телефон
  • Директен контакт со Банката во секое време
  • Брзо и едноставно плаќање на достасаните обврски на  Вашите кредитни картички / Кредити
  • Доспевање на рати на Вашите кредитни картички
  • Плаќање на сметки за режиски трошоци без провизија 
  • Добивање на известувања (нотификации) за трансакции со платежни картички како и известувања (нотификации)  за приливи и одливи од Вашата трансациска сметка
  • Вршење на девизен платен промет.
  • Нотификација за прилив од странство.
  • Можност за промена на лимити за дневни и месечни трансакции реализирани преку НЛБ Клик и НЛБ мКлик.
  • Опција за брзо креирање на нов налог преку swipe опција.
  • Можност за споделување на реализирани налози.
  • Поголема безбедност при плаќање со автентификација со ПИН или со отпечаток од прст.