Совети за бесконтактно плаќање со картички и мобилен паричник

Извршувајте бесконтактни трансакции брзо и лесно со Вашата платежна картичка или преку NLB Pay мобилниот паричник! Со бесконтактно плаќање, платежната картичка или мобилниот телефон секогаш остануваат во Ваши раце, со што се намалува непосредниот контактот помеѓу купувачите и продавачите.

За безбедно и сигурно користење на Вашите contactless платежни картички и NLB Pay мобилниот паричник, за Вас подготвивме неколку корисни совети.

 

ЗА ДА ИЗВРШИТЕ БЕСКОНТАКТНА ТРАНСАКЦИЈА, ДОБЛИЖЕТЕ ЈА КАРТИЧКАТА НА 1CM ОД ПОС ТЕРМИНАЛОТ

За да остварите успешна трансакција, доближете ја платежната картичка на 1cm до ПОС терминалот. Речиси е невозможно да дојде до злоупотреба или можноста да се извлечат податоци од картичката додека е во употреба.

 

ПРИ КУПУВАЊЕ, СЕКОГАШ ПРОВЕРУВАЈТЕ ГО ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ЈА ПОТВРДАТА ЗА БАНКАРСКАТА ТРАНСАКЦИЈА

Откако ќе ја добиете фискалната сметка, проверете го износот на неа и секогаш имајте копија од потврдата за банкарската трансакција. Редовно проверувајте ја и состојбата на Вашите сметки преку НЛБ мКлик мобилно и НЛБ Клик електронско банкарство за да имате навремен увид.

 

ПЛАЌАЈТЕ БЕСКОНТАКТНО, БЕЗ ВНЕС НА ПИН КОД ЗА СУМА ДО 2.000 МКД

Со НЛБ Банка имате можност да плаќате бесконтактно со Вашата кредитна и дебитна картичка,или преку NLB Pay мобилниот паричник, без потреба од внесување ПИН код во износ до 2.000 денари.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГО ЗАКЛУЧИТЕ МОБИЛНИОТ УРЕД СО ЛОЗИНКА КОГА НЕ КОРИСТИТЕ NLB PAY

Доколку користите NLB Pay мобилен паричник, секогаш чувајте го мобилниот телефон заклучен, со уникатна лозинка, која повремено ќе ја менувате. Може да користите и друг вид на идентификација како препознавање на лице или отпечаток од прст. Внимавајте да не го изгубите или оштетите Вашиот телефон со мобилната апликација, бидејќи истата всушност претставува уште еден паричник.