Општествена одговорност

Грижата за општото добро претставува една од највисоките приоритети во нашиот систем на вредности и интегрален дел од нашата деловна политика. Веруваме дека таквата наша определба и одговорно работење се клуч на нашиот успех и темел на нашиот раст и развој.

Нашата определба се базира на унапредување и подобрување на целокупниот квалитет на животот на поединците, семејствата, институциите и организациите во поширокото окружување во кое дејствуваме преку поддршка на проекти од хуманитарен карактер и од областа на културата, спортот, науката, образованието и заштитата на човековата околина, децата и младите.

Ги поддржуваме организациите и иницијативите кои се залагаат за почит и еднаков третман, деловна етика и хуманизам, со што креираме вредност за општеството и продонесуваме кон зајакнување на општественото ткиво и социјалната кохезија.  Исто така целосно ги подржуваме меѓународната декларација за човекови права и еколошката декларација.

НЛБ Рамка за одржливост

NLB Group Sustainability Report 2022

NLB Group Sustainability Report 2023

ДАЛИ ИМАТЕ ПРАШАЊА ЗА НАШИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ВРСКА СО ОДРЖЛИВО РАБОТЕЊЕ?

Контакт: 

odrzlivost@nlb.mk