Одржливо банкарство

Ова е нашиот дом. Регион на можности

Тука се нашите семејства, пријателите, соработниците, соседите, спортистите за кои навиваме, тука се нашите мисли и нашите срца. Затоа можеме да видиме што е способен овој регион и да го препознаеме потенцијалот кога никој друг не го прави тоа.

Сакаме максимално што можеме да се грижиме за нашиот дом и со тоа да го подобриме квалитетот на животот во овој регион. Затоа што таму каде што другите гледаат само место на мапата, ние гледаме регион на можности.

Одржливо банкарство

Odrzlivo bankarstvo slika

Важен дел од нашата мисија – покрај грижата за нашите клиенти со нашата посветеност, знаење и иновативни решенија е да создадеме подобар живот, подобра иднина за сите нас. За нас, овој регион не е само место на мапата - ова е нашиот дом. Затоа тргнавме по патот на интензивна интеграција на одржливоста во нашето работење со цел да ги задоволиме потребите на оваа генерација и истовремено ги зачуваме можностите на идните генерации.