Изложбата „Липицанци“ во НЛБ Галерија 

 

   

Почитувани клиенти,

 

На 13.01.2016 година во 12 часот во НЛБ Галеријата (на ул.Мајка Тереза бр.1, Скопје) свечено се отвори изложбата на фотографии насловена како „Липицанци“ од фотографката Аленка Славинец.

 

 

Изложбата организирана од страна на Словенечката Амбасада во Македонија, по повод 25 годишнината од меѓународното признавање на Словенија, ја отвори Амбасадорорт на Словенија во Македонија, Неговата екселенција проф.Милан Јазбец.

Изложбата е составена од 20 фотографии, од расата на коњи Липицанци, во кои авторката умешно го доловува духот и суштината на оваа прекрасна раса, која воедно го претставува Словенечкиот дух. 

Словенија се осамостојува, на 25-ти Јуни, 1991 година, но е меѓународно признаена речиси 6 месеци подоцна на 15-ти Јануари, 1992 година. Така, не случајно, истата изложба ја одбележи и 20 годишнината од Словенечката независност во Вашингтон.

    

Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје