НОВА ЕКСПОЗИТУРА НА НЛБ БАНКА ВО СКОПЈЕ – АВТОКОМАНДА

   

  

  

НЛБ Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со уште една експозитура во населба Автокоманда на ул. Јани Лукровски бр.2-1/1. Експозитурата го oпслужува сегментот население и правните субјекти.

   

Првите педесет клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите педесет корисници на електронско банкарство за физички лица - НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен.

     

 

Работното време на експозитурата: понеделник - петок од 08:00 до 16:00 часот.

НЛБ Банка во континуитет бележи пораст во банкарството на мало. Експозитурите располагаат со високостручен тим кој на клиентите ќе им ја образложи понудата на продукти и услуги од портфолиото на НЛБ Банка. Деловната мрежа на НЛБ Банка во моментот ја сочинуваат 52 експозитури во Р. Македонија, од кои 27 локации се во Скопје, а останатите се дисперзирани во другите градови на Р.Македонија.