НОВА ЕКСПОЗИТУРА НА НЛБ БАНКА ВО ВИНИЦА

   

  

  

НЛБ Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во Виница на ул. Маршал Тито бр. 8. Експозитурата го oпслужува сегментот население и правните субјекти.

   

Првите педесет клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите педесет корисници на електронско банкарство за физички лица - НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен.

     

 

 


 

 

Работното време на експозитурата: понеделник - петок од 08:00 до 16:00 часот.

 

НЛБ Банка во континуитет бележи пораст во банкарството на мало. Експозитурите располагаат со високостручен тим кој на клиентите ќе им ја образложи понудата на продукти и услуги од портфолиото на НЛБ Банка. Деловната мрежа на НЛБ Банка во моментот ја сочинуваат 53 експозитури во Р. Македонија, од кои 27 локации се во Скопје, а останатите се дисперзирани во другите градови на Р.Македонија.