Moody’s го зголеми кредитниот рејтинг на НЛБ за две нивoa

 

  

 

Би сакале да Ве информираме дека во текот на вчерашниот ден меѓународната агенција за рејтинг Moody’s го подобри долгорочниот рејтинг на НЛБ за две нивоа на Ba1 од Ba3. Оцената беше преименувана во стабилна.

 

Како што е наведено од страна на рејтинг агенцијата Moody’s, зголемувањето на кредитниот рејтинг се должи на подобрената бинзис-клима во Словенија и понатамошниот напредок во управувањето со кредитното портфолио на Банката.

 

Moody’s го истакна подобрувањето на кредитното портфолио на НЛБ, нејзината профитабилност и одржување на висока адекватност на капиталот.