НЛБ Банка ја продолжи промотивната кампања за кредити за физички лица и ги намали каматните стапки на депозитите

   

  

  

Почитувани клиенти,

 

Би сакале да Ве информираме дека НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредити за физички лица до 31.07.2017 година. Во рамки на кампањата, НЛБ Станбените кредити се одобруваат со намалени поповолни каматни стапки. Каматните стапки започнуваат од 3,5% и се фиксни за првите три до пет години, зависно од типот на кредитот.  

Воедно кај НЛБ Потрошувачките кредити, Банката го нуди Ризико виолетовиот потрошувачки кредит со каматна стапка од 6% фиксна за првите две години, без трошоци за одобрување. Останатите НЛБ Потрошувачки кредити се одобруваат со 50% пониски трошоци за одобрување.

 

Дополнително, ве известуваме дека НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица. Каматните стапки на депозитите за физички лица во ЕУР се намалени од 0,01% до 0,3% процентни поени. Новите каматни стапки за физички лица се со важност од 30.06.2017 година. Променетите каматни стапки можете да ги видите на следниот линк:

Каматни стапки на депозити за физички лица

 
Истовремено, како резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитните картички како и каматната стапка за дозволено пречекорување на трансакциска сметка за физички лица, за 0,5 процентни поени. Новите каматни стапки важат од 01.07.2017 година за сите нови и постојни клиенти.

  

 

Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје