Хуманитарна продажна изложба во НЛБ Галеријата - 21.08.2017 од 20 часот

 

 

 

Почитувани клиенти,

  

На 21.08.2017 година (понеделник) во 20 часот, во НЛБ Галеријата ќе биде отворена хуманитарна продажна изложба на дела од повеќе реномирани македонски автори.

  

Организатори на изложбата се Анти-канцер здружението „Животна искра“ и семејството Апостолови. Сите средства собрани во кутиите за донации и од продажбата на уметничките дела ќе бидат наменети за поддршка на Анти-канцер здружението „Животна искра“. 

 

Изложбата како и кутиите за донација ќе останат во НЛБ Галеријата се до 31.08.2017 година.

 

Ве очекуваме заедно да донираме!

    

Со почит, 

НЛБ Банка АД Скопје