Промена на провизии за физички лица

   

  

Почитувани клиенти,

  

Ве информираме дека од 01.09.2017 година НЛБ Банка изврши зголемување на дел од провизиите кои се однесуваат на работењето со физички лица. Промените сe направени кај следниве типови на провизии:

 

- уплата на режиски трошоци од физички лица на шалтерите на Банката.

- подигнување на готовина од трансакциска сметка на шалтерите на Банката,

- вршење на трансакции во безготовински платен промет,

- подигнување на готовина на банкомати со НЛБ кредитните картички

 

Провизијата за плаќање на режиски трошоци се однесува само за плаќања преку шалтерите на Банката. Плаќањето на режиски трошоци преку другите канали на Банката (НЛБ клик, НЛБ мКлик и НЛБ банкоматите) како и преку трајни налози е без провизија. Исто така, режиските трошоци може да се платат директно на web страните на давателите на услуги (ЕВН, Т-Home, T-Mobile, Вип оператор, Топлификација, Телекабел), при што може да се искористи и функционалноста за плаќање на рати со НЛБ Картичките.

 

Повеќе информации за новите провизии можете да добиете на следниот линк

   

           

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје