НЛБ Банка вработува

   

  

Почитувани,

  

НЛБ Банка како една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во дел  на електронско и мобилно банкарство својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија, успешната пазарна стратегија, зајакнати со брендот на НЛБ.

Нашата НЛБ стратегија вклучува подобрување на дигиталното искуство на нашите клиенти и се фокусира на промоција на дигитални канали и директна продажба кон клиентите, која постојано се стреми да ги подобри и автоматизира внатрешните процеси и ефикасноста во работењето.

Во таа насока ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци, посветени на барањата на клиентите, успехот, иновациите и предизвиците во работата, каде што меѓусебната доверба и соработка меѓу членовите на тимовите и колегите во Банката се основни начела и вредности на нашето работење/делување.

Доколку ги споделувате/се препознавате во овие вредности ви нудиме работа во динамично опкружување со бројни можности за обука и личен/професионален развој кои ги нуди нашата Банка.     

НЛБ Банка нуди отворена работна позиција која ви нуди можност да работите и да се развивате во рамки на следниот сегмент::

 

Поддршка/развој на дигитално банкарство/сервиси

  • Поддршка/развој на активностите на картичното работење и електронско банкарство, платен промет во земјата и странство, како и бизнис процесите кои се поврзани со директна комуникација и размена на информации, податоци со меѓународните и домашните платни системи, како и следењето на законската регулатива и меѓународните стандарди во доменот на платните системи;
  • Поддршка на комерцијалните сектори во делот на опслужувањето на надворешните и интерните клиенти во својот домен на работење;
  • Подршка/развој на нови продукти за усовршување на дополнителни сервиси во електронско/мобилно банкарство (денарски и девизен платен промет, население, картично работење и проекти од областа на самоуслужни продукти на Банката;
  • Поддршка/развој на нови и усовршување на постојните дигитални канали на продажба
  • Тестирање и координирање на имплементацијата на нови верзии електронско/мобилно банкарство и други самоуслужни продукти;
  • Пријавување и следење на барања за развој и усовршување на самоуслужни продукти/сервиси до надворешни добавувачи;  
  • Обработка, размена и контролирање на влезно/излезно фајлови за картично работење за процесинг центритe;
  • Управување со проекти и развојни задачи (мониторинг и менторирање на водењето на проекти во Банката), како и управување со идеи на вработени;
  • Мерења и анализи на активности и процеси, како и идентификување на мерки со кои истите можат да се оптимизираат, автоматизираат и дигитализираат (BPM – Business Process Management).   

 

Доколку ве привлекуваат наведените подрачја на работа и ги поседувате наведените потребни минимум квалификации, вештини и способности, ве охрабруваме да се пријавите на нашиот оглас:

  • Завршено високо образование или при крај на студии од техничките области (Електротехнички факултет, Машински факултет, Природно- математички факултет)
  • Напредно познавање на MS Office - MS Word, MS PowerPoint, MS Outlook
  • Desktop Оперативни системи - Напредни познавања на Windows
  • Познавање на Англиски јазик

 

 За предност би се сметале познавања за: 

  • Mobile Оперативни системи - основни познавања на Android/iOS;
  • Основни познавања на Linux/MacOS;
  • Основни познавања на Web/Интернет/серверски технологии ( HTML, CSS, XML,HTTP);
  • Програмски јазици – Основно разбирање на барем еден програмски јазик PHP/C#/Java;
  • База на податоци – основни познавања на бази на податоци, апликации и програми за обработка на бази на податоци (MS Access, SQL сервер, MySQL и сл).

 

Од кандидатите очекуваме да поседуваат изразена способност за темелност, одговорност, прецизност, аналитичност,  идентификација на проблеми и нивно брзо решавање, самоиницијативност, спремност за постојана надградба со нови знаења од технички области и нови трендови во банкарското работење, ангажираност, способност за тимска работа и организациски и комуникациски вештини потребни во секојдневното работење.

 

Заинтересираните своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк заклучно до 17.10.2017 година.

   

           

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје