Годишно собрание на акционери - Јавен повик 2019 година

 

Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 25.04.2019 година за свикување на Годишно собрание на акционери,

 

НЛБ Банка АД Скопје

 

ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишното собрание на акционерите на НЛБ Банка АД Скопје

 

Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 30.05.2019 година, со почеток во 11.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје, со следниот:

 

Дневен ред

 

1. Избор на претседавач на Собранието;

 

2. Избор на записничар и на бројач на гласови на Собранието;

 

3. Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година, со:

  • Мислење на Надзорниот одбор по Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година;
  • Предлог – Oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година;

 

4. Извештај на Друштвото за ревизија Грант Тортон-ДОО Скопје за извршената ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година, со:

  • Извештај за контрола и Мислење на Надзорниот одбор по Извештајот на Друштвото за ревизија Грант Тортон-ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година;
  • Предлог-одлука за усвојување на Извештајот на Друштвото за ревизија Грант Тортон-ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година;

 

5. Извештај на Друштвото за ревизија Ернст и Јанг Овластени ревизори-ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје изготвени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување за 2018 година со:

  • Извештај за контрола и Мислење на Надзорниот одбор по Извештајот на Друштвото за ревизија Ернст и Јанг Овластени ревизори-ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје изготвени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување за 2018 година
  • Предлог-одлука за усвојување на Извештајот на Друштвото за ревизија Ернст и Јанг Овластени ревизори ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје изготвени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување за 2018 година

 

6. Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор во 2018 година со вклучени резултати од поединечна и колективна Оцена на работата на членовите на Надзорниот одбор за 2018 година;

  • Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работата на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година;

 

7. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор;

 

8. Годишен извештај за работењето на Управниот одбор во 2018 година со:

  • Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работа на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година;

 

9. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор;

 

10. Предлог-одлука за усвојување на годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година;

 

11. Предлог-одлука за употреба и распоредување на добивката по годишната сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година;

 

12. Предлог-одлука за распределба на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година;

 

13. Предлог-одлука за измени и дополнувања на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје;

 

14. Предлог-одлука за назначување Друштво за вршење ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година;

 

15. Информација за поднесена оставка од член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје;

 

16. Предлог-одлука за именување нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.



Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер што има намера да учествува на Годишното собрание на Банката е должен да го пријави своето учество на Годишното собрание (пријава за учество на Собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на Годишното собрание до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-326 и 02/5100-906) или на електронска адреса sekretarijat@nlb.mk.

 
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Годишното собрание со потпишување писмено полномошно. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса sekretarijat@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.

 
Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, полномошникот е должен во рок од 5 работни дена пред одржувањето на Годишното собрание, да достави известување до Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давањето на полномошното, бројот на акции за кои се дадени полномошната, како и дали тие се со или без инструкции за гласање.

 

Полномошникот го поднесува известувањето до Комисијата во писмена форма исклучиво на пропишан Образец утврден во Правилник за критериуми за утврдување на заедничко дејствување согласно Закон за преземање на акционерските друштва.

 

Годишното собрание ќе одлучува само по прашања кои се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Право на гласање и давање предлози за расправа за одделни прашања имаат само акционерите кои се сопственици на акции со право на глас.

 

На својата интернет-страница www.nlb.mk, не подоцна од 21 ден пред денот на одржување на седницата на Годишното собрание, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги објави и ќе бидат достапни следниве материјали и информации: содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување седница на Годишно собрание на акционери; вкупниот број на акции и вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број на акции од секој род и класа; документите и материјалите кои ќе се разгледуваат на седницата на Годишното собрание на акционери; предложените одлуки од акционерите кои Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник подготвени за преземање електронски од страна на акционерите (овој образец се однесува на давање полномошно од еден акционер на едно лице. Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, се користи Образецот утврден во Правилникот за критериуми за утврдување на заедничко дејствување согласно Закон за преземање на акционерските друштва)

Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување Годишното собрание, од 10:00 до 13:00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“, бр. 1, 1000 Скопје, Р. Македонија, во Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје.

 

Во Скопје,           

 

НЛБ Банка АД Скопје