Голема изложба на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот во НЛБ Банка

 

 

 Во НЛБ Банка на 30- ти октомври свечено беше отворена изложбата на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот. Изложбата ја отворија Антонио Аргир -Претседател на Управниот одбор на Банката и македонската уметница Јана Манева-Чупоска.

 

 

 

Како поддржувач на уметноста и науката, НЛБ Банка, по повод НЛБ Месецот на штедење, традиционално, по седми пат, организира изложба на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот. Цртежите се собираа преку организирани забавно – едукативни посети на повеќе училишта и градинки во Македонија и во самите експозитури на Банката. Почетокот на активностите за собирање на цртежите беше означен со НЛБ Ден, на 25 септември, кој беше организиран во НЛБ Галеријата на Банката. Децата во период од 1 месец, односно до 25 октомври, имаа можност да донесат цртежи кои беа објавувани на посебната веб страна http://stedenje.nlb.mk на која се гласаше за најдобар цртеж.

 

Во текот на НЛБ Месецот на штедење беа собрани околу 1.800 цртежи. Цртежите беа разгледувани од комисија составена од ренoмираните македонски уметници: Јана Манева Чупоска, Сергеј Андреевски, Свето Манев и Анѓел Димовски –Чауш кои ги издвоија најдобрите цртежи. Покрај наградените цртежи од страна на стручната комисија, награди беа доделени и на цртежите кои освоија најголем број на гласови преку веб страницата на Банката. Најдобрите цртежи на отвoрањето на изложбата беа наградени со парична награда и пофалници, а притоа беа доделени и благодарници на сите училишта и градинки кои учествуваа во активностите за Месецот на штедење.

 

Оваа година акцијата има и хуманитарен карактер, односно Банката ќе донира по 200 мкд за секој пристигнат цртеж. Средствата ќе бидат донирани на Специјална Олимпијада Македонија кои НЛБ Банкат ги поддржува веќе неколку години, а собраните средства ќе бидат наменети за учество на Летните Специјални Олимписки игри во Абу Даби 2019-та година.

 

Изложбата ќе биде отворена до 25-ти ноември, секој работен ден од 08.00 до 20.00 часот.

 

 

НЛБ Банка АД Скопје