НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитните продукти за физички лица

 
   
 

Почитувани клиенти,

    

Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, НЛБ Банка ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени на кредитните картички, инстант кредитите и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица. Новите каматни стапки важат од 01.01.2019 година и се однесуваат за сите нови и постојни договори.

 

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на веб страницата www.nlb.mk

       

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје