Известување за дивиденден календар

 

  

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 30.05.2019 година (четврток) ја усвоија Одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2018 година.

   

Согласно Одлуката, износот на бруто дивидендата по акција изнесува 1.738,00 МКД за сите акционери.

   

Исплатата на дивидендата ќе отпочне 30-от ден од одржувањето на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје.

   

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 11.06.2019 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 12.06.2019 година.

   

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2018 година е 13.06.2019 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на ЦДХВ.

  

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје