Голема донаторска акција на НЛБ Банка со Mаstecаrd картичките по повод 35 годишниот јубилеј

 
 

НЛБ Банка во периодот од 15 октомври до 30 ноември, по повод својот 35-годишен јубилеj организира голема донаторска акција, во која активно учество ќе земат сите клиенти – корисници на НЛБ Mаstercаrd картичките.

Имено, за секоја реализирана трансакција со НЛБ Mastercard картичките за време на промотивниот период Банката ќе донира финансиски средства. По завршување на кампањата, НЛБ Банка заедно со своите клиенти ќе одлучат каде ќе се донираат собраните средства. За донацијата ќе бидат дадени предлози за кои јавноста ќе може да го даде своето мислење и да гласа, а средствата ќе бидат донирани за оној предлог кој ќе добие најголем број на гласови.

  

Дополнително, во рамките на кампањата, сите нови клиенти кои ќе аплицираат за НЛБ Mastercard кредитните картичките (Mastercard Standard, Mastercard Light и Mastercard Gold) во промотивниот период ќе може да ги добијат без членарина, додека сите постоечките корисници кои ќе направат најмалку 10 трансакции во промотивниот период ќе добијат бесплатна членарина за следната година.

  

 „Оваа година НЛБ Банка прославува 35 годишнина од своето основање, повод кој заслужува да го одбележиме заеднички со нашите клиенти. Со цел одбележување на јубилејот, решивме Банката да донира средства за секоја трансакција со НЛБ MasterCard картичките и на крај заеднички да одлучиме каде е најнеопходно да ги донираме. Ве повикувам да ги користите НЛБ MasterCаrd картичките, да се приклучите кон донаторската акција и заедно да направиме добри дела за паметење!“, изјавија од Банката.

  

Повеќе информации во врска со оваа промотивна кампања и донација клиентите може да добијат на веб страницата на Банката www.nlb.mk, преку Контакт центарот на телефон 02 / 15 600 или во најблиската експозитура.