ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ ДА ПЛАЌАТЕ СО ВАШИОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН НА ПРОДАЖНИ МЕСТА?

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

За да плаќате само со Вашиот телефон потребно е да ја имате апликацијата NLB Pay - мобилен паричник.

NLB Pay е мобилна апликација која овозможува брзо, едноставно и сигурно бесконтактно плаќање со мобилен телефон насекаде, во земјата и странство. Оваа апликација во целост може да го замени вистинскиот паричник, кој повеќе нема да биде неопходен во секој момент. Плаќањето со мобилен паричник е поедноставно дури и од плаќањето со платежна картичка и се извршува само со отклучување на мобилниот телефон и негово приближување до ПОС терминалот. Притоа не е потребна најава во самата апликација.

Користењето на NLB Pay мобилниот паричник е без никаков надомест, независно од бројот на НЛБ Mastercard картички кои ќе ги дигитализирате. Една од најдобрите карактеристики е што апликацијата бесплатно се презема од Google Play Store и не мора да одите во експозитура за да ја активирате услугата. Со NLB Pay мобилниот паричник можете да плаќате дури и кога немате интернет на телефонот, при што можете да направите до 10 трансакции.
 

  


Активацијата на НЛБ Pay e едноставна и возможна во само неколку чекори. Како? Кликнете на линкот подолу и погледнете го туторијалот за НЛБ Pay и активација на НЛБ Pay во само неколку прецизни чекори.